Македонската машка кадетска репрезентација со победа го стартуваше Светското училишно првенство во ракомет. Избраниците на Горан Кузманоски во првото коло славеа против Бугарија со 33-18 (11-9). Нашата репрезентација беше подобар противник во текот на целиот меч. Клучната разлика ја направи во второто полувреме. После 11-8 на одморот, Македонија со серија од 4-0 поведе со 15-9. Нашите момци не застанаа тука, поведоа со 18-11 и го најавија ...
Македонската машка кадетска репрезентација ја запиша и втората победа на Светското училишно првенство во ракомет, откако славеше против Грузија со убедливи 13-46 (6-23). За разлика од првиот натпревар против Бугарија, нашите млади ракометари одиграа стабилно и квалитетно уште во првото полувреме во кое беа подобри со 6-23. Македонската репрезентација продолжи да доминира и во вторите 30 минути. После 20 минути игра резултатот беше 12-41, ...

