Кошаркарите на Минесота тимбервулвс ја демонстрираа својата дефанзивна моќ против уморните Денвер нагетс и поведоа со 2-1 во првата рунда од НБА плејоф серијата по убедливата победа од 113-96 во третиот натпревар. Џејден Мекданиелс постигна 20 поени со 10 скока, Ајо Досунму од клупата додаде 25 поени и девет асистенции, додека Донте Дивинченцо запиша 15 поени и четири украдени топки за расположениот тим на Тимбервулвс. Руди Гобер ја надгради ...

Добрата игра во дефанзива донесе важна победа за Минесота во серијата со Денвер и водство од 2:1 за „волците“ по третиот натпревар. Никола Јокиќ постигна 27 поени, но со лош процент на реализација, па Минесота уште еднаш докажа дека е најнезгоден противник за поранешниот НБА шампион. Досунму со 25 и МекДениелс со 20 поени го предводеа победничкиот тим, кој со евентуална победа на следната средба ќе му нанесе сериозен удар на ривалот. Торонто ...

Руди Гобер, по инспиративниот настап во вториот натпревар против Никола Јокиќ, уште еднаш успеа да го запре трикратниот MVP, кој имаше многу лоша шутерска вечер (7/26 од поле), додека Тимбервулфс поставија рекорд на франшизата во плејофот, дозволувајќи им на Нагетс само 11 поени во првата четвртина. Јокиќ заврши со 27 поени и 15 скока за Денвер, кој беше ослабен поради отсуството на Ерон Гордон. Џамал Мареј постигна 16 поени со скромни 5/17 ...