Канцеларијата на израелскиот претседател, Исак Херцог, потврди дека тој се обидува да посредува за постигнување договор за признавање вина меѓу премиерот Бенјамин Нетанјаху и обвинителството во судскиот процес за корупција, кој трае веќе седум години. Од канцеларијата на Херцог соопштија за „Тајмс оф Израел“ дека тој и понатаму смета дека договор меѓу страните би бил најсоодветното решение. Како што наведуваат, Херцог верува дека преговорите ...

Израелскиот претседател Исак Херцог денес изјави дека ја одложил одлуката за барањето на премиерот Бенјамин Нетанјаху за прекин на судењето за корупција. Херцог рече дека „неколку пати“ проценил дека договорот на Нетанјаху со обвинителите е најдобриот начин за решавање на случајот. Пред да се одлучи за помилување, треба да се вложат напори за постигнување договор надвор од судот, рече Херцог. Нетанјаху во ноември изјави дека отфрлањето на ...