Скопје, 8 ноември 2025, (МИА) Бранка Д. НАЈДОВСКА Сергеј Станојковски е режисер и кинематографер (но и продуцент, сценарист, монтажер, педагог...), чија уметничка патека ја премостува културната и филмската сцена меѓу Северна Македонија, Чешка и Хрватска, па и Германија. Со своето долгометражно првенче, филмот „Контакт“ (2005-та), тој се вбројува меѓу авторите што во почетокот на новиот милениум ја освежија македонската кинематографија со ...
Уште во студентските денови, неговиот првенец „Невена“ ја добива филмската награда „Павел Јурачек“ на ФАМУ, а веќе споменатиот „Контакт“, беше поддржан од европската програма Еуроимаж, што е редок успех за македонска продукција во тоа време и го отвори 54-от Интернационален филмски фестивал во Манхајм, каде беше поздравен како деликатен, интимен и визуелно зрел филм. Критиката го пофали Станојковски за неговата „тивка режија“ и способноста да ...

