„Нацијата што си ја заборава историјата нема иднина“ – во последно време сè почесто се присетувам на овие зборови на Винстон Черчил. Во последните децении, определени кругови на луѓе сè почесто, поупорно и побезобзирно се обидуваат да ја прекројат нашата историја, а со тоа и нашите корени, потекло, нашиот идентитет. Најтрагично е што дел од таа клика се и оние што се родени Македонци или имаат потекло од Македонија, па дури и луѓе кои биле на ...
Мрачна ноќ, толку темна што речиси ни прст пред око не се гледа, се спуштила на планината. Тивко е и мирно, звук не се слуша, дури и ноќните птици замолкнале и лисјата не шумолат. Ноќниот пејзаж неподвижен како да е слика, плови низ ноќта. Месечината се скрила срамежливо зад облаците како да не сака да биде сведок на случувањата во оваа ноќ. Тишината ечи низ планината и ништо не го нарушува тој нестварен спокој со часови. Наеднаш, тивок шум ...