Ракометниот натпревар меѓу АЕК Атина и Алкалоид понуди вистински хаос на стартот на второто полувреме. Средбата беше прекината откако публиката незадоволна поради лошата игра на грчкиот тим фрли со шише кон клупата на нашиот претставник. Младиот Дамјан Митев беше погоден со шише в глава и тоа предизвика прв пократок прекин. Делегатот и организаторите ги опоменаа домашните навивачи, па средбата продолжи. Следуваше одлична одбрана на голманот Иван ...

Првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп во кој вечерва Алкалоид го совлада АЕК (29-25) во Атина го одбележа инцидент на теренот предизвикан од навивачите на грчкиот тим. Натпреварот одигран пред повеќе од 8.000 навивачи во олимписката „Сунел арена‘ беше во неколку минутен прекин, при водство на Алкалоид од 20-17 во 40 минута, откако предмет фрлен од навивачите на АЕК кон клупата на Алкалоид го погоди Дамјан Митев, јави дописничката на ...