• Иван Димовски
Ракометниот натпревар меѓу АЕК Атина и Алкалоид понуди вистински хаос на стартот на второто полувреме.
Средбата беше прекината откако публиката незадоволна поради лошата игра на грчкиот тим фрли со шише кон клупата на нашиот претставник. Младиот Дамјан Митев беше погоден со шише в глава и тоа предизвика прв пократок прекин. Делегатот и организаторите ги опоменаа домашните навивачи, па средбата продолжи.
Следуваше одлична одбрана на голманот Иван Галевски кој понесен од атмосферата се сврте кон најжестоките навивачи на АЕК и бурно прослави. Тоа дополнително ги налути Грците кои продолжија да фрлаат работи кон теренот, а тоа предизвика нов подолг прекин.
- Прекините на натпреварот во Атина:
По неколкуминутна пауза натпреварот во Атина продолжи со последна опомена до навивачите на домашниот тим.