Владејачката Лабуристичка партија го освои вториот мандат на вчерашните парламентарни избори во Норвешка, додека популистичката десница го оствари својот најдобар изборен резултат досега, велат официјалните резултати. Лабуристите на премиерот Јонас Гар Стере и четири помали полевичарски партии заедно ќе имаат 87 места во парламентот, две повеќе од потребното мнозинство. Шеесет и петгодишниот Стере и натаму ќе мора да се потпира на своите помали ...
Лабуристите добија 28,2 отсто од гласовите, соопшти норвешката изборна комисија. Десничарската популистичка Партија на напредокот забележа најголем раст на рејтингот во споредба со резултатите од парламентарните избори во 2021 година, со зголемување од 12,3, и сега е втора најсилна политичка партија во земјата со прелиминарни 23,9 отсто од гласовите. Конзервативната партија на поранешната премиерка Ерна Солберг се најде на третото место со ...