Во Штип е промовирана монографија од музикологот Наташа Диденко посветена на првата опера изведена во Македонија, „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало, која првпат била поставена во 1925 во Штип. Диденко е истражувачка од Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а пред две години ја објави монографијата за Сергеј Михајлов, основоположникот на музичката култура во Македонија, кој ја режирал „Палјачи“ во 1925. ...
Музикологот, музички педагог и истражувач проф. д-р Наташа Диденко создаде капитално монографско дело со кое почетоците на оперската уметност кај нас ги датира пред точно 100 години, со изведбата на „Палјачи“ во 1925 година во Штип. Препорачано Монографското дело „100 години ‘Палјачи’ во Штип (1925 – 2025): Операта што ја отвори македонската музичка сцена“ е исклучителен научен подвиг што ја позиционира оперската уметност кај нас пред ...

