На 31 јануари и 1 февруари 2026 година во просториите на „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи дводневен саем посветен на руралниот, одржливиот и креативниот туризам во Македонија. Саемот ќе обедини рурални домаќинства, мали и автентични винарници, како и агрономски и рурални туристички субјекти од целата земја, кои нудат сместувачки капацитети, туристички програми и автентични искуства засновани врз локалната традиција, природните ресурси и ...
Саем за туризам во чиј фокус ќе бидат македонските рурални домаќинства и бизниси ќе се одржува на 31 јануари и 1 февруари во Скопје. Како што најавуваат организаторите, Саемот на едно место ќе ги обедини најавтентичните рурални приказни од цела Македонија, а целта е да се приближи руралниот и искуствениот туризам до пошироката јавност, но и да се покаже дека патувањето не е само дестинација, туку и доживување, поврзување и учество во ...

