Пентагон соопшти дека може да ѝ обезбеди на Украина ракети „Томахавк“ без да ги загрози американските залихи, но конечната одлука останува на Трамп, кој претходно ги наведе залихите како причина за неиспраќање ракети со долг дострел за Киев. Додека се чека одлуката од Вашингтон, Русија продолжува со нападите низ Украина. Нови жртви и повредени во Полтава, Дњепропетровск и Чернихив. Делови од Суми и натаму без струја по руските удари врз ...

Најмалку 15 цивили се убиени, а 20 други се повредени во текот на изминатиот ден во руски напади низ Украина, соопштија украинските власти на 2 ноември, пренесува Кијив Индипендент. Според украинските воздухопловни сили, Русија ја таргетирала Украина преку ноќ со две балистички ракети „Искандер М“ и 79 дронови за напад, вклучувајќи околу 50 дронови од типот „Шахед“, како и дронови „Гербера“ и мамки. Противвоздушната одбрана на Украина собори 67 ...