Денеска во Спортскиот центар „Јане Сандански“ (19 часот/МРТ) ќе играат вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички. Актуелниот првак после поразот од Кожув на гостински терен ќе се обиде без неколу важни, репрезентативни играчи како Војдан Стојановски, Андреј Магдевски и Андреј Маслинко да се врати на победничките патеки. Овој момент може да биде добредојден за „црвено-белите“ за да запишат триумф против градскиот ривал после долго време. ...
Вечната пресметка помеѓу МЗТ Скопје и Работнички беше решена после продолжение, а истата ја добија кошаркарите на актуелниот првак, кои славеа со 97-93. Најтрофејниот кошаркарки колектив имаше шанса да дојде до триумф, но во клучните моменти од продолжението не беше на ниво на задачата. Овој пораз значи за „црвено-белите“ значи елиминација од пласман во плеј-офот. Одамна не сме биле сведоци на неизвесна пресметка помеѓу градските ривали МЗТ ...

