Малку чудно, но вистинито, е тоа што иако денеска е вторник во Данска главна тема и целиот фокус на јавноста е насочен кон редовните парламетарни избори. Данците гласаат за нова влада и нов премиер кој ќе ја води државата во наредните 3 години и тоа на два дена пред бараж дуелот со Македонија. Нашата експедиција во текот на денов заминува за Копенхаген, а чартер летот е закажан за 15 часот. Во времето кога ќе се затвараат гласачките „кутии“, ...
Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток во 20:45 часот на стадионот Паркен во Копенхаген го игра еден од своите историски дуели несомнено. Бараж мечот за пласман на следниот Мундијал во САД, Канада и Мексико следното лето. По она историско полуфинале во Палермо, победата над Италија, а потоа и финалето во Лисабон против Португалија, Македонија сега има повторно шасна да приреди сензација пред најголемата светска фудбалска ...
Не е сè така јасно и чисто во таборот на домашната селекција пред важниот дуел со Македонија, во битката Данска да обезбеди нов пласман на Мундијалот. На спортскиот веб-портал „Болд“ вчера можеше да се прочита опасна препорака до навивачите, но и опомена до фудбалерите: Насловот гласи: „Да се избегне најголемиот срам“. Поразот на Данска од Македонија вечерва на „Паркен“ ќе претставува национална фудбалска катастрофа. Новинарите потенцираат ...
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз (4-0) од Данска на „Паркен“ во Копенхаген во полуфиналниот плејоф за пласман на Светското првенство. Данците имаа фантастичен старт на второто полувреме кога за десет минути постигнаа три гола. Дамсгард погоди во 49.минута, потоа му подготви погодок на Исаксен во 58.минута, кој стрелаше и една минута подоцна за 3-0. Четвртиот гол беше дело на Норгард, кој по корнерот на Ериксен ...

