На новинарско прашање поврзано со изградбата на новиот паркинг простор на Клинички, министерот рече дека наредната недела на прес-конференција ќе соопшти повеќе детали, но, вели, она што може да го каже во овој момент е тоа дека договорот ќе биде потпишан со Јавното претпријатие Градски паркинг, кое и досега раководеше со паркингот на Клинички. „Очекуваме во текот на денот да се потпише договорот помеѓу Министерство за здравство и ЈП Градски ...
Паркингот на Клиничкиот центар во Скопјe ќе продолжи да го управува Јавното претпријатие „Градски паркинг“. Министерот за здравство Азир Алиу, изјави дека договорот треба да биде потпишан до утре, додека надоместокот за паркирање ќе биде поделен на четири дела. Онколошките пациенти ќе имаат бесплатен паркинг. Највисоката цена или четвртата категорија на плаќање е за граѓаните кои одат на болнички посети. Алиу изјави дека целото работење на ...
Двојно ќе се зголеми бројот на местата за паркирање на скопските клиники, а ќе има и промена на цената на билетот, најави министерот за здравство, Азир Алиу, кој објави дека ќе се потпише нов договор со ЈП „Градски паркинг“, кое и досега раководеше со паркингот. Алиу, кој доаѓа од информатичкиот сектор, вели дека паркингот ќе биде дигитализиран, современ, а системот ќе ги следи возилата од влезот до излезот. Цената на паркингот ќе биде ...
Министерот за здравство Азир Алиу најави дека до утре ќе се потпише договор со „Градски паркинг“ за изградба на ново, целосно дигитализирано паркиралиште во Клиничкиот центар во Скопје. „Ова ќе биде паркинг каков што нема на државно ниво – целосно дигитализиран, ‘паметен’ паркинг којшто од моментот кога ќе влезете, па сè до излезот, автоматски, дигитално ќе ве следи и ќе комуницира со возилото. Ќе има посебни влезови, особено за одделот за ...