Обвинителството поведе истрага за лицето кое на 16 август телефонски се заканувало дека е подметната бомба на аеродромот во Скопје. За осомничениот е побаран притвор. Според соопштението на ОЈО ГОКК, лицето се јавило на линијата 192 за итни случаи во раните утрински часови и тврдело дека бомбата е поставена на лет од Скопје за Анталија. Веднаш по приемот на заканата од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и ...

Поднесена е кривична пријава за „тероризам“ против скопјанец, кој на 16 август лажно пријави за подметната бомба во авион на скопскиот аеродро, информираа од МВР. -Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР – Сектор за борба против тероризам, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава по брза постапка против С.А.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение ...

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам, информираа од Основното јавно обвинителство. Како што велат оттаму, осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во ...