Додека траеше загревањето на фудбалерите на Шпанија и Португалија пред почетокот на финалето во Лигата на нации, некои од шпанските фудбалери со голем интерес гледаа во телефони и го следеа финалето на „Ролан Гарос“ помеѓу нивниот сонародник Карлос Алкараз и водечкиот на АТП листата, Јаник Синер. Алкараз победи со лудесен пресврт и предизвика еуфорија во шпанската јавност, а дополнутелно ги мотивираше фудбалерите на шпанската репрезентација ...
Минхен, 9 јуни 2025 (МИА) - Шпанскиот фудбалер Алваро Мората е разочаран поради загубеното финале во Лигата на нации против Португалија (2:2, 3:5 - пенали). - Благодарен сум на тренерот за довербата, и очигледно дека можев да изведам подобар пенал, но сега нема што да се направи. Затоа сум многу депресивен. Немаше солзи, но сакав да плачам. Треба да се извлече поука од ова, рече Мората по синоќешниот натпревар. Португалија по втор пат во ...