Натпреварувачката комисија при Фудбалската федерација на Македонија го регистрираше прекинатиот меч од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Гостивар и Работнички со службена победа за гостите од 0:3. Натпреварот беше прекинат во 85. минута при резултат 1:2 за екипата на Работнички, откако екипата на Гостивар незадоволна реши да се повлече од теренот. Гостивар е предаден на Дисциплинската комисија при ФФМ која до крајот на оваа ...
Дисциплинската комисија на ФФМ ги донесе одлуките за прекинатиот меч Гостивар – Работнички, кога домашниот состав се повлече од теренот, наводно поради судиските неправди, иако од Судиската комисија во својата анализа истакнаа дека судиската четворка си ја изработила својата работа без грешка. Гостивар остана без девет бода, суспензија заработи и стадионот во населбата Маџари, суспензии за иницијаторите, но и парични казни. Во продолжение ...