Спомен куќите на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов - Џинот се во добра кондиција и денеска сме на увид и правиме напори за нивна адаптација со цел да бидат постојано отворени за посетителите, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на Велес. Тој воедно ја посети и Спомен куќата на Рацин која е најпосетувана од сите спомен куќи во Велес. Министерот Љутков попладнево ја посети и куќата на Аликара во која ...
Скопје, 3 септември 2025 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и стручна екипа од Националниот конзерваторски центар Скопје денеска ќе престојуваат во работна посета на Велес. Во Велес, како што е најавено, министерот Љутков ќе ги посети институциите од областа на културата, манастирската црква „Св Димитрија“ , спомен-куќите на Џинот, Рацин и Главинов и куќата на Апасиеви кои се дел од значајното културно наследство на овој град. ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со директорот и стручен тим од Националниот конзерваторски центар, престојуваше во работна посета на Велес, при што направи увид во состојбата со културното наследство на неколку локации во градот. Во рамките на посетата, Љутков ја посети манастирската црква „Св. Димитрија“, заштитено културно добро каде што се спроведуваат активности за истражување, конзервација и реставрација, кои во ...