– Периодот од 1987 до 1995 година е клучен за Македонските народни приказни. Тоа е времето кога државата ја реализираше својата независност, во услови на негација од сите соседи кон основните чинители на македонската национална посебност. Во таков историски контекст, народните приказни не беа само телевизиски проект, туку културен штит и потврда на идентитетот, напиша Костовски. Според Костовски, периодов некои медиуми се обидуваат да го ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во објава на Фејсбук сподели свои размисли во врска со значењето на Македонските народни приказни, и според него, тие се културен код на една епоха. Интегрално ја пренесуваме целата негова објава на Фејсбук: „Бројките на прегледи на сите видеа произлезени од златното доба на Македонските народни приказни се основен показател за нивниот длабок белег врз општеството. Фактот дека цели генерации ...

