Под мотото „Од ритам до алгоритам“, со претставување на поетите гости, вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во Скопје ќе биде отворено 5. издание на Скопскиот поетски фестивал. Ќе учествуваат: Аксинија Михајлова (Бугарија), Алеш Штегер (Словенија), Нихат Оздал (Турција), Весна Ацевска, Никола Маџиров, Шаип Емерлаху, Гордана Михаилова Бошнакоска. На официјалното отворање, половина час претходно во галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложба на ...
,,Поетот е присутен” е еден настан од богатата програма на ова издание на Скопски поетски фестивал, чија цел е да понуди поинакво поетско искуство по примерот на познатиот перформанс на уметницата Марина Абрамовиќ ,,Уметникот е присутен”. Целта на ова поетско читање е да се потенцира улогата на комуникацијата исклучиво со поезија, но без стандардните аплаузи и потврда од публиката кои се вообичаени за овој тип настани, односно со нов пристап кој ...