Како холивудска ѕвезда, беше тешко да се дојде до шведската актерка Номи Рапас, светски позната по улогата во „Девојката со тетоважа на змеј“ од 2011. Сепак, имавме среќа да стапиме во контакт, благодарение на нејзината агентка Стела, која била фан на мојот филм „ Господ постои, името ѝ е Петрунија“, сподели денес, на прес-конференцијата во спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје, на новинарско прашање, Теона Стругар- Митевска, режисерката на ...

Филмот, во кој играат актери од врвен калибар како познатата шведска актерка Номи Рапас која го толкува ликот на Мајка Тереза, Силвија Фокс како сестра Агнешка, нашиот Никола Ристановски – отец Фредерик, е снимен на три континенти, со досега најголем буџет за македонски филм од речиси 4 милиони евра и веќе е распродаден за киноприкажување во повеќе од 15 европски земји Филмот „Мајка“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска, кој својата ...