Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Управата за извршување санкции при Министерството за правда и Македонското пенолошко друштво, денеска во МАНУ, организираат јавна расправа по Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите е објавен на ЕНЕР на 27 јуни 2025 ...

Цел на предлог измените на Законот за извршување на санкциите е подобар и посигурен затворски систем со големо внимание на правата на затворениците - од аспект на образование, здравствена заштита и правото на работа. Се прецизираат и некои надлежности на Кривичниот совет, наспроти надлежноста на Судија на извршување на санкции. Се внесуваат измени во делот на санкциите и прекшоците од аспект на „Безбеден град“, а се става акценти на обуката на ...