Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе има нов предизвик – настап на „Трофеј Македонија“ што од утре па се до сабота ќе се одржи во Охрид. Целта е јасна, нашите најдобри ракометарки да добијат на искуство и квалитетни контролни средби во пресрет на новите квалификациски предизвици. „После повеќе од една деценија Македонија и градот Охрид ќе бидат домаќини на еден женски сениорски турнир. Периодот беше краток, но успеавме да се ...
Женската ракометна репрезетација на Македонија не успеа да стигне до втората победа во низа на турнирот „Трофеј Македонија“ што се одржува во Охрид, откако нашите ракометарки во драматичен дуел загубија од Египет со миинмалин 18-19. Одличниот почеток и водството од 7-3 беше премалку за да се стигне до посакуваниот исход, ако се знае дека Египќанките веќе до крајот на првото полувреме успеаја да се вратат и на одмор да заминат со израмнети 10-10. ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа од 34-27 над Тунис го отвори настапот на обновениот „Трофеј Македонија“, кој се игра во Охрид. Нашите ракометарки вечерва ги очекува нов африкански предизвик, селекцијата на Египет, а според квотите во Sport Life, Македонија е фаворит со квота од 1.25. Денешната програма на турнирот во Охрид ќе ја отворат Грција и Тунис, а јужниот сосед е фаворит со квота од 1.31. Според сите очекувања, ...
Репрезентацијата на Грција отвори со победа на „Трофеј Македонија“ кој се одржува во Охрид. Гркинките славеа во дуелот против Египет со 25-22 на стартот на турнирот во салата „Билјанини извори“. Се играше израмнет натпревар на охридскиот герфлор, а по голема борба првиот дел заврши со минимална предност за Грција од 13-12. Во продолжението египетските ракометарки се бореа, меѓутоа на крајот претрпеа пораз со три гола разлика. Во вечерниот термин ...