Важна победа за излез во Европа оствари Реал Сосиедад, над Леванте, за кого следуваат тешки моменти во битката за опстанокот во Ла Лига. На крајот домашниот тим триумфираше со 2:0, и продолжи да игра во стил „топло-ладно“ во последните неколку натпревари. Сосиедад дојде до предност во 30. минута. Солер нафрли од корнер до Мартин, кој од само 2-3 метри со глава го совлада гостинскиот голман. Мендез во 83. минута на асистенција на Мартин, ...

Реал Сосиедад ја оствари единаесеттата победа во шпанската Примера, откако славеше со сигурни 2-0 (1-0) над Леванте во натпреварот кој се играше во рамки на триесеттото коло. Домашниот тим ја обезбеди победата со по еден гол во двете полувремиња, а стрелци беа Јон Мартин во 30. минута и Браиз Мендез, кој го постави конечниот резултат седум минути пред истекот на регуларното време. За екипата од Баскија ова е важен триумф во битката за излез ...

Фудбалот често знае да биде суров бизнис полн со милиони и преголеми очекувања, но понекогаш ни ги нуди најубавите и најчистите човечки приказни. Токму таква приказна доаѓа од Шпанија, по натпреварот меѓу Реал Сосиедад и Леванте (2:0) во рамките на 30. коло од Ла Лига. Главен херој е 19-годишниот Ибаи Агире. Ова младо момче, кое сезоната ја започна во Ц-тимот, а потоа беше прекомандуван во Б-тимот, вчера го оствари својот животен сон. Поради ...

Реал Сосиедад ја мина почетната криза која ја имаше на стартот на сезоната и веќе некое време плива во сигурни води, но после последните резултати, слободно може да мисли и за излез во Европа. Најновата рунда во Ла Лига почна токму со победа на Реал Сосиедад против Леванте со резултат 2:0, а овој меч ќе остане во вечно сеќавање на Ибаи Агире. Талентираниот фудбалер на Сосиедад дебитираше за првиот тим на 19-годишна возраст, па првиот меч во ...