За време на овој празничен викенд, односно утре (Велика сабота 19 април) и во недела ( 20 април Велигден), под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утре (19 април Велика сабота), особено во Повардарието ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец, соопшти Славчо Поповски метеопрогнозер. „И во Скопје и околината за најголемиот ...

Велигден се одбележува точно на полноќ кога се слави христовото воскресение, а на овој празник се поздравува со Христос воскресе – Навистина воскресе. Подоцна следи и кршењето на јајцата кое е омилено за сите генерации па секој со радост ја негува оваа традиција. Така верниците како и секоја година и сега појдоа до црква за да го дочекаат Христовото воскресение. Некои од нашите познати Македонци испратија и празнични пораки со желба за мир и ...

За време на најголемиот Христијански празник (Воскресение Христово, Велигден) ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. И во Скопје за Велигден времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано летни, и тоа поради влијанието на топлата воздушна ...

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопшти МВР, во периодот од 18 часот во центарот на Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”, бул.„Св.Климент Охридски” од ...