Управата на Манчестер Сити испратила официјална понуда до Нотингем Форест за трансфер на Елиот Андерсон, вредна дури 120 милиони фунти! Првичната понуда изнесува 106 милиони фунти, плус дополнителни 15 милиони кои би се „активирале“ низ одредени бонуси и клаузули. Сега на потег се „шумарите“, кои треба да одлучат дали ќе го продадат големиот талент во ривал од Премиер лигата, но јасно е дека интересот на „граѓаните“ нема да запре тука. Сити ...

Манчестер Сити доби уште една корпа од Нотингем Форест во обидот да го доведе Елиот Андерсон на „Етихад“. Откако првичната понуда од 90 милиони евра експресно беше одбиена, „граѓаните“ се вратија со историска, втора понуда. Раководството на Сити на маса стави фантастични 121 милион фунти. Оваа сума вклучуваше 106 милиони фунти фиксен дел и дополнителни 15 милиони во бонуси, што ќе претставуваше рекорден трансфер во историјата на клубот. ...

Додека комплетното внимание на фудбалскиот свет е насочено кон првите натпревари на Светското првенство, на релација Нотингем – Манчестер се одвива вистинска трансфер-драма. Трката по потписот на 23-годишниот англиски репрезентативец Елиот Андерсон дополнително се вжешти откако Нотингем Форест ја одби и втората, мега-понуда испратена од Манчестер Сити вредна неверојатни 120 милиони фунти. Јунајтед се повлече, Андерсон сака само на „Етихад“ ...