Македонските кошаркарски јуниори на стартот на Европското првенство за кошаркари „Под 18“ години против селекцијата на Литванија вчера доживеаа тежок пораз. Конечниот резултат гласи 137-62, а единствената добра работа во оваа ситуација е фактот што ова е само прв меч за нашите момци и има простор играта и ситуацијата воопшто да се поправи. Селекторот Горан Андреевски смета дека Литванија е еден од главните фаворити за златниот медал на турнирот ...
Убедлив пораз за Македонија на стартот на натпреварите од Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 18“. Во првото коло од групата „Ц“, Литванија беше многу подобар ривал од нашиот јуниорски тим, победувајќи со 137-62. По мечот селекторот Горан Андреевски изјави дека нема да бара оправдувања за поразот. „Очекувањата беа да прикажеме максимална борбеност во одбраната. Не можам да кажам дека играчите не пробаа да дадат максимум. ...