Законот за пратеници, со кој ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се натпреваруваат кој ќе забрани двoјно државјанство за повеќе функционери, ќе биде блокиран, најавуваат од ДУИ. “Законот за пратеници е еден од законите за кои според новиот Деловник важи филибастеринг, односно не се ограничени дискусиите за пратениците. Ние можеме да го блокирамe и со еден амандман, ама имаме најмалку 30, порачале од ДУИ за ТВ 24. Освен ДУИ, амандмани за законот имаат од СДСМ, ...
На дневен ред на некоја од наредните седници на Собранието ќе се најде предлогот со кој македонските пратеници можат да имаат само едно – македонско државјанство. За овој предлог на петмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ денеска гласаа 77 пратеници, а 8 беа против. Во Законот за пратеници, според предлогот, се бара дополнување на членот 2 со нова одредба, покрај другите постојни услови, како полнолетство, деловна способност и неосудуваност. ...
Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се консултирале со правни експерти пред да ги предложат законските измени со кои се предвидува пратеник во Собранието да може да стане лице што има само македонско државјанство – вели лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Неговата изјава следува откако премиерот Христијан Мицкоски синоќа во интервју за телевизија Сител ги повика пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да ги донесат ...
Скопје, 23 април 2026 (МИА) – Во Собранието денеска ќе продолжи 98. седница, на која пратениците ќе расправаат за повеќе предлог-закони по скратена постапка. На дневниот ред се Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог-законот ...

