Вицепремиерот Александар Николоски вели дека ЕУ ги лаже државите од Западен Балкан и дека блокот не сака да се проширува. Оваа негова изјава доаѓа за време на турнејата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и неговата посета на Скопје. Во интервју за поткастот на новинарот Назим Рашиди, на „Коха“, Николоски изјави: „Она што се случува е обид да се лажат луѓето во целиот регион. Во однос на проширувањето ситуацијата е јасна. ...
Николоски ја отвори темата за односот на ЕУ кон Македонија и регионот, откако во интервју за поткастот „Ново“ на Назим Рашиди оцени дека Унијата ги лаже земјите од Западен Балкан за проширувањето, а потоа преку Фејсбук реагираше дека медиумите извадиле дел од неговиот настап од контекст и направиле спин. Во интервјуто, Александар Николоски вели дека Европската Унија не е подготвена за ново проширување и дека од шесте најголеми земји членки, ...
Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, мисли поинаку од вицепремиерот Александар Николоски. Николоски пред некој ден во поткаст изјави дека ЕУ го лаже регионот 13 години и веројатно никој нема да стане дел од блокот, додека Милошоски мисли дека Црна Гора ќе биде таа што ќе се приклучи до 2030. „Од тоа што го имаме како неофицијални информации — се разбира, ЕУ земјите членки на крајот ќе одлучат — јас сметам дека единствена земја ...

