Јанчев потсети дека минатото лето граѓани од целата држава 72 дена ја блокирале планината Кожуф во обид да ја заштитат реката Дошница од изградба на мали хидроцентрали. „Блокадата беше успешна и проектот беше стопиран“, изјави Јанчев. Според него, и покрај бројните реакции и предупредувања за штетноста и неефикасноста на ваквите проекти, повторно се подготвува терен за реализација на спорниот проект. „Наместо оние што го туркаат овој проект ...
Скопје, 12 мај 2026 Пратеникот од Левица, Саше Јанчев, предупреди дека повторно се прават обиди за активирање на проектот за изградба на мали хидроцентрали на реката Дошница на планината Кожуф, се вели во соопштението од ПП „Левица“ што МИА го пренесува интегрално. Јанчев, кој присуствуваше на вчерашниот протест и собир во Гевгелија заедно со велосипедисти, планинари, еко-активисти и граѓани, порача дека јавноста нема да дозволи повторно ...

