Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, преку својот правен застапник, испрати демант како што наведуваат – објавени невистинити информации во текстот со наслов „Пречистителната станица за Скопје требаше да проработи годинава – уште не е готова, а не се знае ни дали се гради“, објавен на 26 мај 2025 година. Во демантот се наведува дека проектот за изградба на пречистителната станица е започнат и се одвива согласно договорената ...

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Тони Миновски, тврди дека конзорциумот на фирми кои го добиле тендерот работат активно на проектот, а на терен се изведуваат градежни работи. Тој образложи дека повеќе од две години фирмата изведувач не можела да започне со работа, бидејќи Општина Гази Баба и Општина Аеродром немале донесено Детален урбанистички план за локацијата каде треба да се гради пречистителната станица. -Од тие причини ...