Даниеле де Роси сè уште важи за главен фаворит за клупата на Парма, но раководството на клубот веќе започнало преговори и со холандскиот стратег Марк ван Бомел, пренесуваат италијанските медиуми. Парма е во потрага по нов предводник откако Кристијан Киву неодамна го напушти клубот за да се врати во Интер. Де Роси брзо се наметна како приоритетна опција, но сè уште нема целосен договор меѓу двете страни. Парма воспоставила првичен контакт и со ...

Младиот холандски тренер Марк ван Бомел би можел да ја заврши едногодишната пауза ова лето и да го преземе тимот на Парма, на местото на Кристијан Киву кој замина да го води Интер. Поранешниот холандски репрезентативец е надвор од терените од крајот на мај минатата година, кога го напушти белгискиот клуб Антверпен, а претходно ги водеше Волфсбург и ПСВ Ајндховен. Ван Бомел беше во комбинација за Парма и во јануари, но тогаш челниците на ...