ДУИ испорачува етноцентрични барања не сакајќи да сфати дека националноста на уметниците е ирелевантна за уметноста и дека настапот на Македонската филхармонија не е моноетнички настап. И кога има гостување на некој солист уметник/или група уметници, тоа е строго селектирано по квалитет на критериум и, за волја на вистината, етничката припадност е периферна, велат нашите соговорници Повод: Барањето на ДУИ изборот на програмата на културните ...
Во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“, вечерва од 21 часот на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена театарската претстава „12“. Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) и е работена според мотиви од култниот текст „12 Гневни мажи“ на Реџиналд Роуз, а во режија на Синиша Евтимов. Претставата сруши рекорд по гледаност во Скопје, каде билетите се купуваа и за три месеци однапред, а ...
Драмската програма на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашната театарска претстава „12“, според мотиви на текстот „12 Гневни мажи“ од Реџиналд Роуз, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје. „Живееме во лудa доба. Нон-стоп. Имаме високо мислење за себе и за околината, но во суштина сме небитни. Времето немилосрдно нѐ гази, историјата револвира во неверојатно совршен круг, а ние, намерно или ненамерно, иако ...
Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук во состав Сузан Мерт-Томази на виолина, Андреј Јаблоков на виолина, Елеонора де Пои на виола, Леонардо Сесена на виолончело и Драган Трајковски на контрабас. Тиролскиот симфониски оркестар го сочинуваат виолинистите Сузане Мерт-Томази која е член на оркестарот од 1998 година и често ја остварува функцијата на ...