„Д’ Фестивал“ со нов дом! Ова денес го објави „Пасворд продукција“, која е организатор на еден од најголемите фестивали во државава, кој со години се одржува во Дојран, впрочем и од таму почна. -По години магични изгрејсонца, музика под ѕвездите и слобода на брегот на Дојран, време е за ново поглавје. Со срце полно љубов и почит, кажуваме огромно благодарам на прекрасните Дојран и дојранчани за сите незаборавни моменти, за гостопримството со кое ...
Нема конкретен одговор зошто „Д’ Фестивал“ кој со години Пасворд продукција го организираше во Дојран ова година се сели во Штип. Според информациите на ММС фестивалот ќе се одржи на просторот зад Исарот, покрај пешачката патека која води кон Ново Село до паркот на милениците, кој лани во ноември беше уреден со средства од УСАИД. Таму, според информациите од општината ќе бил поставен кампот со паркинг. Местото е на самиот брег на реката ...