Кој и да имаше веќе некакви дилеми околу позитивната серија која што Вардар ја има пролетва, веќе може само да молчи. И ништо повеќе. По денешниот триумф на „црвено – црните“ во Чаир, против тимот на Шкупи, од 0:2, веќе не може да стане збор само за позитивна серија без неуспех, туку за сериозен потфат со кој што тренерот Гоце Седлоски очигледно дека може да биде горд. Никој, па веројатно ниту тој самиот не можеше да предвиди што ќе се случува ...
Фудбалерите на Вардар во Чаир го победија Шкупи со 2:0, во првиот натпревар од 30.коло во Првата македонска фудбалска лига. Вардар под водство на Гоце Седлоски (доби црвен картон во првото полувреме) ја продолжи пролтената ренесанса, најтрофејниот македонски клуб нема пораз на последните 14 натпревари, а успеа по пауза од шест години да победи на теренот на Шкупи. Головите за Вардар ги постигнаа Роџерс Мато во 45. минута и Мислав Матиќ во 70. ...