Македонскиот стратег Југослав Тренчовски запишува вистински историски моменти на клупата на словенечкиот прволигаш Радомље. Покрај одличните настапи во Првата лига на Словенија сезонава, битката за прв свој европски излез во историјата, Радомље ја води и во Купот на Словенија. Радомље, за првпат во својата клупска историја, обезбеди полуфинале во Купот на Словенија, откако во четвртфиналната серија славеше на гостувањето против Јадран Декани, ...

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски, кој сезонава бележи извонредни резултати на клупата на Радомље, повторно е во фокусот на словенечкиот фудбал, овој пат со информацијата дека е еден од најсериозните кандидати за преземање на клупата на Целје, убедливо најдобриот клуб во Словенија. Како што пишува словенечки „Планет ногомет“, веќе сериозно се тресе столчето на актуелниот тренер на Целје, Иван Мајевски, по трите порази во последниве ...