Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска е задоволна од наплатата на даноците. Како што рече денеска, по отчетот за сработеното во изминатите две години, јуни има сериозен раст на сите даночни приходи Одговорајќи на новинарски прашања, Димитриеска-Кочоска најави и измени во однос на глобалниот минимален данок. „Задоволна сум од тоа што е поставено како таргет кога станува збор за УЈП и Царинската управа. Во однос на глобалниот ...

Поминаа две години од управувањето со јавните финансии, две години во тешки економски услови, глобални неизвесности и огромни фискални предизвици. Но и две години во кои направивме свесен избор – избор за дисциплина, за фискална одговорност и за долгорочни решенија наместо краткорочен популизам. Во овие две години макроекономските резултати се повеќе од јасни: македонската економија во овој период бележи стабилно закрепнување и континуиран ...