Македонската репрезентација утре со почеток од 20:25 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе го одигра седмиот дуел од актуелната Мундијалска кампања против соодветната селекција на Казахстан. По одличното реми без голови за нас во Гент против Белгија, сега на ред е дуел во кој реално сме фаворити но истиот мора и тоа како да го дочекаме сконцентрирано, одговорно и професионално. Од секој аспект. Првото место во групата и дванаесетте бода, ...
Стоперот Висар Муслиу се повреди на мечот со Белгија и е неизвесен за мечот со Казахстан во квалификациите за СП 2026. Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата соопшти детали за играчот. Како што кажа Милевски, лекарскиот тим се уште ја следи ситуацијата на Муслиу. Тој го пропушти последниот тренинг пред Казахстан, а дали ќе игра - ќе се чека до последен момент. Но, нема по секоја цена да се ризикува со него. Натпреварот меѓу ...
Фудбалската репрезентација на Македонија го архивираше ремито со Белгија и се наоѓа пред нов предизвик. Утревечер на Националната Арена Тодор Проески гостува селекцијата на Казахстан, а целта е една – да се победи. Селекторот Благоја Милевски верува во тимот и најавува дека фудбалерите се подготвени за нова голема пресметка. “Ќе биде многу тешко. Казахстан на првиот меч во Астана покажа дека има квалитет. Сега има и нов селектор нова филозофија, ...