Кандидатот за градоначалник на Центар од „Знам“, Мирослав Лабудовиќ вети дека ако стане градоначалник ќе се зафати со целосна обнова на фасадите во општината. „Преку грантови од општината ќе ги реконструираме фасадите на сите згради и ќе ги направиме енергетски ефикасни. Ќе го зачуваме духот и архитектонски карактер на објектите, но, ќе дадеме нова енергија на просторот“, вели Лабудовиќ. Кандидатот Димитриевски, пак, очекува поддршка од сите ...
Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од „Вреди“, Биљал Касами ветува реализација на инфраструктурни проекти во спортот и рекреативните активности на младите. Вели дека изградбата на градскиот стадион во Тетово е почната и до 2027 година треба да биде завршена. Со тоа, вели Касами ќе им се овозможи на локалните екипи и на државната репрезентација да игра меѓународни натпревари. Касами повика масовна излезност на изборите в недела за да ...
Повиците за гласање по етнички клуч кој ги испратија дел од лидерите на албанскиот политички блок но и некои нивни кандидати за градоначалници ја разгореа реториката меѓу премиерот Мицкоски и дел од кандидатите за градоначалнизи од албанскиот политички блок но и по повиците кои Билал Касами ги имаше да се поддржат кандидатите за градоначалниците на ДУИ онаму каде Вреди немаат свои и обратно . Мицкоски денеска од Брвеница со дирекна порака до ...

