Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше на две панел-дискусии во рамки на Саемот на отчет организиран од ВМРО-ДПМНЕ, каде што говореше за иднината на главниот град и локалниот развој. ,,На Скопје не му треба опис на проблемите кои секојдневно ги живееме, туку брзи и ефикасни решенија,“ истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека визијата за наредните четири години е создавање на отворен и транспарентен град, безбеден и ...

Скопје, 24 август 2025 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска на панел-дискусијата „Локалната и централната власт работат за тебе“ која се одржа во рамки на Саем-Отчет, истакна дека на претстојните локални избори на граѓаните ќе им понуди безбеден и инклузивен град во кој граѓанинот ќе биде во централниот фокус, но пред сè, рече, ќе се посвети на решавање на двата ...