Нема закажано судско рочиште во Кривичниот суд за пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 62 млади луѓе. Се уште се чека проценката на обвинителниот акт во Судот. Роднините на загинатите и повредените одбележуваат шест месеци од трагедијата и барат правда, а на социјалните мрежи повици за мирен собир и на скопскиот плоштад. Проценката на обвинителниот акт за обвинетите за пожарот во кочанската дискотека Пулс кој настана пред шест месеци ...
Во Скопје вечерва се одржа протест под мотото „Шест месеци без правда за Кочани“ со цел да им се оддаде почит на жртвите од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи пред точно половина година. Иницијативата „Кој е следен“, која ја организираше манифестацијата, постави сандаче за писма на плоштадот, каде граѓаните можеа да остават пораки за семејствата на загинатите. Пораките, кои треба да им покажат дека не се сами во ...