Ракометната чаршија во Македонија повторно врие. Темата е секогаш иста кога станува збор за играчот кој веројатно најмногу ја поларизира домашната спортска јавност. По завршувањето на авантурата во унгарска Татабања, сè погласно се зборува дека македонскиот бек Филип Талески се наоѓа пред враќање во домашниот шампионат и дека наскоро ќе го облече дресот на амбициозниот РК Охрид. Потенцијалниот трансфер во градот на светлината доаѓа во момент ...
Филип Талески е нов ракометар на ГРК Охрид, откако македонскиот ракометар официјално потпиша договор со амбициозниот суперлигаш за сезоната 2026/2027, со опција за продолжување на уште една година. Искусниот 30-годишен лев бек, висок 202 сантиметри, доаѓа како осмо големо засилување за охридскиот тим во овој преоден рок. Во таборот на „сино-белите“, поранешниот ракометар на Металург, Вардар и Бенфика ќе го носи дресот со број 28. Со овој ...

