Изборот на 117 в.д. членови на Управните и на Надзорните одбори на јавните претпријатија во Скопје предизвика големи контроверзии. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, од советничката говорница рече дека тој ги познава лично кандидатите и дека тој гарантира за квалитетот за сите кандидати. Меѓу овие избрани членови има истакнати партиски функционери и роднини, а околу 20 имиња се поранешни членови на јавни претпријатија, кои не покажале добри ...
Новиот состав на Управниот одбор на ЈП „Паркови и зеленило“ го отвори прашањето дали градските јавни претпријатија повторно стануваат партиска распределба на влијание, наместо управувачки механизам што треба да носи одлуки за услуги, инвестиции и јавни набавки. Управниот одбор е орган што го именува и разрешува Советот на Град Скопје, што значи дека секоја кадровска одлука таму е политичка одлука во најчистата форма. Во актуелниот состав на ...
На средината од минатиот декември, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави на социјалните мрежи дека се намалува висината на надоместокот за членовите на управните и надзорните одбори и ќе следува кратење на бројот на членови, со што би се направила исправка на неправилностите што со години се повторувале. Советот на Град Скопје изгласа нови 117 в.д. членови во Управните и Надзорните одбори, како и во јавните установи од ...

