Путин ја повика Украина на директни преговори без предуслови во Истанбул на 15 мај, на што Трамп рече дека тоа би можело да биде „потенцијално голем ден за Русија и за Украина“ и оти запирање на војната би спасило стотици илјади животи. Украинскиот претседател Володимир Зеленски потоа порача дека е подготвен за лично да се состане со Путин во Истанбул на разговори за завршување на војната. Неговиот коментар следуваше набрзо по барањето од ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нема да учествува на преговорите во Истанбул на 15 мај, дознава „Комерсант“. Препорачано Рускиот весник потсетува дека одлуката за тоа кој точно ќе ја претставува Русија на средбата се уште не е официјално објавена. „Вашингтон пост“ во вторникот објави, повикувајќи се на поранешен висок извор од Кремљ, дека руската делегација би можела да ја предводат претседателскиот помошник Јуриј Ушаков и ...

Главните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Кит Келог, во четврток ќе бидат во Истанбул на потенцијалните разговори за тоа како да се стави крај на војната во Украина, соопштија денеска три извори запознаени со плановите. Високо рангиран американски функционер, меѓутоа, изјави дека сè уште не е познато дали некој од руската Влада ќе се појави, пренесуваат британските медиуми. Белата куќа, Стејт департментот, ...

Главни теми на потенцијалните преговори помеѓу Русија и Украина би можеле да бидат за територијалниот статус, контролата над нуклеарната централа Запорожје, како и користење на реката Дњепар и пристап на Украина до Црно Море, изјави специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф во интервју за американскиот портал „Брејтбарт њуз“ (Breitbart News). Тој истакна дека „нема да има договор без одобрување од страна на претседателот на Русија, ...