Поради најавените високи температури и топлотниот бран кој го зафати регионот, возачите се предупредуваат да бидат особено внимателни, не само во сообраќајот, туку и поради зголемената опасност од појава на пожари. Експертите апелираат во автомобилите да не се оставаат предмети кои под влијание на високите температури можат да предизвикаат опасност. Особено внимание се посветува на проѕирните шишиња, запалките, спрејовите и лименките, кои во ...

Топлотните бранови стануваат сè почеста појава, а екстремно високите температури можат да предизвикаат низа здравствени проблеми, од дехидрација и топлотна исцрпеност до топлотен удар, кој може да биде животозагрозувачки. Најранливи се малите деца, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични заболувања. Еден од најважните совети за заштита во текот на жешките денови е редовниот внес на течности. Телото преку потењето губи голема ...

Топлотниот бран во цела Македонија сѐ уште трае. Времето денеска (среда) ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 13 до 34 степени. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност ...

Екстремниот топлотен бран што го зафати Балканот достигна врв и во Дубровник, каде температурите се искачија до 39 степени Целзиусови. Високите температури ги натераа туристите да се засолнат од сонцето во најтоплиот дел од денот и да побараат разладување во сенка. Голем број посетители носеа капи, очила за сонце и постојано се хидрираа, додека плажите во попладневните часови останаа речиси празни и покрај високите температури на водата во ...