Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, гевгелискиот уметник Борис Петров ќе го одбележи значајниот јубилеј – 70 години од своето ликовно творештво. По тој повод, денес, со почеток во 20:00 часот, во хотел „Аполонија“ – Гевгелија, ќе се одржи самостојна изложба и промоција на монографија посветена на неговото богато творештво. На изложбата ќе бидат претставени избрани дела од различни творечки фази на уметникот ...

Премногу чувства, искреност, скромност и пред се, љубов кон родниот крај, е она што останува највпечатливо во очите кога се гледаат сликите на Борис Петров. Неговото творештво бележи слики од секојдневието во родниот крај, старата македонска архитектура, народниот вез, калинките, свилената буба и кожурците, како типични плодови на македонскиот југ, дојранските колиби и мандри, со еден збор, тој слика се околу себе. Во саботата вечер, Гевгелија ...