Возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига продолжуваат со меч на поранешните шампиони во Кратово. Силекс ја пречекува Македонија ЃП, во меч на кој домашните се апсолутни фаворити за победата. Кратовци имаат одличен старт и два од два, откако на домашен терен славеа со убедливи 5-0 над Брера, а потоа и службено го добија мечот против Шкупи, за кој нема сомнеж дека доколку се играше ќе завршеше со убедлив резултат во корист на Силекс. ...
Во единствениот денешен меч од третото коло во ПМФЛ шампионат, тимот на Силекс на домашен терен успеа со високи и убедливи 3:0 да слави против екипата на Македонија ЃП. Во дуел во кој домаќинот тотално доминираше, Силекс три пати погоди во противничката мрежа, а можеше реално минимум уште толку. Стартната иницијартива на домаќинот беше наградена со водство во 23. Минута од мечот кога Пиреш погоди по асистенцијата на Ади Алиќ. Само што ...