За патничките моторни возила, сообраќајот од Граничниот премин Блаце кон Скопје се пренасочува преку селото Горно Блаце, по стариот пат преку селата Бањани и Глуво, сè до Скопје, соопшти МВР. Во обратен правец, од Скопје кон Блаце, патничките возила се насочуваат по регионалниот пат Р2239, преку селата Бразда, Глуво и Горно Блаце. Надлежните апелираат до возачите да бидат претпазливи и да го следат поставениот сообраќаен режим и упатствата на ...

Во гаснењето на пожарот се вклучени и два полициски хеликоптери, кои досега исфрлија над 70 тони вода. Според последните информации од терен, еден од двата краци на пожарот, оној меѓу селата Блаце и Чучер, е ставен под контрола, додека вториот сè уште се шири кон непристапен терен и бара дополнителни напори и ресурси за локализација. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека воздушните акции ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, ...