Галичник е повторно достапен! Патот е прооден, а во текот на утрешниот ден ќе се работи на негово дополнително проширување со цел непречено разминување на возилата. Апелираме до сите посетители да се движат внимателно и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот, велат од МЗ Галичник, од каде се заблагодаруваат на Ј.П. Македонија Пат! Галичник е повторно достапен! Патот е прооден, а во текот на утрешниот ден ќе се работи на ...
Со подобрување на временските услови, екипите кои работеа на расчистување на локалниот пат од Маврово до мијачкото село Галичник конечно го пробија снежниот нанос во месноста Царевец. Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во последното соопштение потврдуваат дека екипи на ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ ги пробија снежните наноси на патниот правец Маврово-Галичник. Од диспечерски – информативен центар на јавното претпријатие ...

