Граѓаните на скопската општина Аеродром и денеска се собраа да изразат револт поради лошиот кавлитет на воздухот и мирисот кој се шири оради константното горење на депонијата Вардариште. Иако се очекуваше да има помалку народ, со оглед на тоа што ни следува продолжен викенд, но оние кои останаа во Скопје и ќе го дишат загадениот воздух, покажаа дека и денеска се тука со иста мисла – што побрзо да се најде решение за депонијата Вардариште и таа ...

На протестот против депонијата Вардариште што вечерва се одржа во Аеродром, се случи инцидент кога лице во алкохолизирана состојба со електричен тротинет влетало со голема брзина меѓу демонстрантите. Според објавата на граѓанската иницијатива „Од зелен хуман град“, лицето удрило во легнат велосипед покрај кој имало деца што си играле, а потоа се обидело да избега. Родителите и дел од присутните граѓани веднаш реагирале и тргнале да го ...